Нови демонстрации пред рудникот за злато во Киргистан

Од:

Во Киргистан денеска продолжуваат немирите крај рудникот за злато што е во сопственост на канадска компанија.

Околу 500 демонстранти вчера бараа национализирање на рудникот. Полицијата уапси ноќеска стотина лица откако демонстрантите исклучија струја во рудникот Кумтор во североисточен Киргистан, експлоатиран од канадската компанија Центера голд од 1997 година.

Околу 3.000 луѓе тргнаа вчера кон селото каде беа уапсени демонстрантите за да бараат нивно ослободување.

Околу 2.500 луѓе од регионот денеска ги опколилја полицајците и им го запалија автобусот и почнаа да фрлаат кон нив со камења.

Најмалкутри лица се повредени, јавуваат локални медиуми. Демонстрантите бараат национализација на рудникот која беше најголема странска инвестиција во државата.

Тие го обвинуваат и поранешните претседатели Аскар Акаев и Курманбек Бакиев за продажбата. Двајцата се осомничени за корупција.

Би можело да ве интересира

Силен земјотрес во Киргистан

Обид за државен удар во Киргистан, Москва многу внимателно ги следи сите случувања

Горан Наумовски

Силен земјотрес го погоди Киргистан

Повторно судири на таџикистанско-киргистанската граница: Две лица убиени, 55 ранети

А1он

Киргистан и Таџикистан договорија прекин на огнот

Ана Ололовска

Вооружен инцидент на киргистанско-таџикистанската граница

А1он