ВИДЕО: Нови демонстрации на жолтите елеци во Франција

Од:

Триесетта сабота по ред, жолтите елеци повторно ќе демонстрираат во Франција, но очигледно е дека нивната мобилизација слабее, јавува дописникот на МИА.

Како и секоја сабота од почетокот на движењето на жолтите елеци, сообраќајот на метро линијата во Париз е нарушен. Префектурата нареди затворање на неколку станици, посебно на оние кои водат директно на Елисејските полиња. Овие забрани се ефективни од 8 часот изутрина и нивното повторно отворање зависи од одлуката на префектурата и текот на демонстрациите.

Минатата сабота, имаше само 1500 жолтите елеци во главниот град, според Министерството за внатрешни работи.

Ерик Друе, еден од водачите на движењето повика на собир на Шанзелизе, авенија за која има забрана за демонстрации .

„Одмерувањето на силите е на Шанзелизе“, напиша тој на Фејсбук.

Жолтите елеци по 30ти пат ќе се обидат да се мобилизираат во близина на Париз, во предградието, каде што се планирани демонстрации. Собирот започна 13 часот пред Стад де Франс, во Сен Дени . Поворката потоа заминува кон префектурата Бобињи.

Собири има и низ цела Франција, додека националната демонстрација започна изутринава во Монпелје.

Би можело да ве интересира

Младо момче најавило самоубиствен напад за време на Олимписките игри во Париз

Франција ќе ја зголеми безбедноста пред синагогите и верските училишта

Едно лице загина, а најмалку едно е рането во напад со нож во Бордо

Откриен е мистериозен тунел во близина на париски затвор

Макрон ќе испрати 1.500 војници во Украина до крајот на април

Горан Наумовски

Почина девојче во Франција кое беше силувано и истепано