Нов дневен рекорд во САД – 47.000 позитивни на коронавирус

Од:

Рекорден број новооткриени случаи на Ковид-19, 47.000, е забележан во САД во изминатите 24 часа, соопштија американските власти. Најмногу нови случаи се евидентирани во сојузните држави Аризона, Тексас и Калифорнија, иако има драстичен скок и во Флорида, Џорџија и Јужна Каролина.

Растечкиот број на позитивни случаи на заразени со коронавирусот ширум САД го принуди доктор Ентони Фаучи, шефот на Националниот Институт за алергии и инфективни заболувања, пред сенатската комисија да предупреди дека актуелната стапка на нови инфекции може да се удвои на 100.000 дневно, ако не запре трендот од моментов.

-Очигледнo се движиме во погрешна насока, рече д-р Фаучи.

Тој предупреди дека фокусот врз сојузните држави коишто минуваат низ најголем скок во бројот на нови случаи ја става „под ризик целата држава“.

Во време кога доктор Фаучи сведочеше на Капитол Хил, на гувернерите од Њујорк, Њу Џерси и Конектикат им се придружија уште осум сојузни држави – Калифорнија, Џорџија, Ајдахо, Ајова, Луизијана, Мисисипи, Невада и Тенеси на претходната листа, чии посетители мора да бидат ставени во задолжителен 14-дневен карантин.

САД се земја со најголем број заразени од коронавирус во светот, со преку 2.6 милиони случаи, а досега од Ковид-19 починаа околу 127.000 луѓе.

Би можело да ве интересира

ВИДЕО: Крвав напад со нож во САД, четворица мртви

САД воведоа санкции за ентитети кои наводно им помагале на Хутите и Хезболах

САД бара од Украина да ги запре нападите врз руските рафинерии

(ВИДЕО) Пресметка меѓу мигрантите и Националната гарда на Тексас кај Ел Пасо

ВИДЕО: Американската милјардерка која со Тесла излета во езеро и се удави била пијана

Малолетник убил девојче со 114 убоди од нож, сега му се заканува доживотен затвор

Горан Наумовски