Нова студија која ги побива тврдењата дека коронавирусот потекнува од пазарите за морска храна во Вухан

Од:

Нова научна студија ги доведува во прашање тврдењата на кинеските власти дека пандемијата на коронавирус потекнува од пазар за морска храна и диви животни во Вухан.

„Анализата на сите расположиви податоци од биолозите јасно покажува дека смртоносниот вирус Сарс-Ков-2 стигнал на пазарот од некој кој веќе бил заразен, а вирусот веќе бил адаптиран за да се пренесува на луѓе што е многу ретка карактеристика“, се наведува во студијата на Алина Чан и Бен Деверман од Институтот Брод, огранок на универзитетот Харвард и Технолошкиот институт во Масачусетс и Шинг Џан од Универзитетот на Британска Колумбија (Канада).

Тие велат дека истражувањето недвосмислено доведува до заклучок дека вирусот потекнува надвор од пазарот во Вухан.

Според нив, „генетските податоци што се достапни на јавноста не укажуваат на пренесување на вирусот помеѓу видовите на пазарот“. Тие бараат да се испитаат сите можни патишта за пренесување на вирусот од животно на човекот, вклучително и тврдењата дека вирусот потекнува од лабораторија.

„Треба да се испита можноста дека генетски немодифициран прекурсор се прилагодил на луѓето додека го проучувале во лабораторија“, се наведува во студијата.

Студијата е објавена во време кога сè поголем е притисокот врз Кина да го открие вистинскиот извор на епидемијата, така што експертите ќе можат да се запознаат со болеста за да можат да развијат вакцина и да спречат појава на нови епидемии.

Според официјалната кинеска теорија, вирусот потекнува од пазарот во Вухан каде се продаваат и диви животни, а таа теорија ја поддржа и Светската здравствена организација.

Би можело да ве интересира

Најмалку 800 луѓе во светот починаа поради дезинформации за Ковид-19

А1он

Бугарија ги отвора училиштата, задолжително мерење температура и дезинфекција на раце и обувки

А1он

Во Грција регистрирани рекордни 262 случаи на Ковид-19

А1он

Откриено кој фудбалер на Барсa e заразен со коронаворус пред мечот со Баерн

А1он

Дневен преглед Ковид-19: Во Косово 11 лица починаа, во Црна Гора 65 новозаразени

А1он

Во Албанија за еден ден регистрирани 141 новозаболени лица Ковид-19

А1он