Нова офанзива: Џихадистите од ИД повторно ја зазеле тврдината над Палмира

Од:

Борците на Исламска држава (ИД) го зазеле замокот над древниот град Палмира, на исток од Сирија, тврди денеска агенцијата поврзана со оваа екстремистичка организација.

Џихадистите од ИД пред разденување се повлекоа од Палмира, по жестоките руски воздушни напади, само неколку часа откако повторно влегоа во овој древен град од каде беа протерани пред девет месеци, соопшти претходно денеска  Сирискиот центар за мониторинг на човековите права.

Руското Министерство за одбрана денеска соопшти дека руските авиони извеле 64 воздушни напади во текот на операцијата на протерување на ИД од стратешките области околу Палмира, убивајќи повеќе од 300 екстремисти, пренесоа британските медиуми.

Сирискиот центар за човекови права вчера соопшти дека припадниците на ИД повторно влегле во Палмира, од каде беа протерани пред девет месеци, и дека, по брзото напредување, воспоставиле контрола врз најголемиот дел од овој град, освен во јужниот дел.

Во текот на 10-месечната окупација џихадистите од Исламска држава уништија бројни споменици од Палмира, древниот Тадмор, градот што се наоѓа на листата на светско културно наследство на УНЕСКО, потсетува Би-Би-Си.

Под урнатините останаа храмови стари по два милениума, Тријумфалната порта и другите знаменитости од градот.

Би можело да ве интересира

132 лица загинаа во конфликтот меѓу режимските сили и џихадистите во Сирија

Горан Наумовски

Со проектили е погодена воена база на САД во Сирија

Сирија: Израел изврши воздушен напад врз областа на античкиот град Палмира

(ВИДЕО) Турција ги нападна Курдите во Ирак и Сирија во знак на одмазда за терористичкиот напад кај Анкара

Горан Наумовски

ВИДЕО: Израел погоди станбена област во Дамаск, меѓу загинатите има жени и деца

Катерина Ѓуровски

Иран го предупреди Израел: Ќе ви одговориме уште посилно, ставете не во искушение