Нова истрага против Саркози за илегално финансирање на предизборна кампања

Од:

Јавното обвинителство на Париз отвори истрага за илегално финансирање на претседателската предизборна кампања на поранешниот француски претседател Никола Саркози во 2007 година, објави во денешното издание весникот „Паризен/Ожурдуи“.

Оваа нова истрага, која официјално не е потврдена од Јавното обвинителство се надодава на седумте други предмети кои се водат против поранешниот француски претседател.

Во овој осми предмет, истрагата се однесува на воспоставен систем на лажни фактури кои дозволиле трошоците од предизборната кампања на Никола Саркози да ѝ бидат фактурирани на неговата партија – Унијата на народното движење (УМП).

Слична ваква истрага се води и за предизборната кампања на Саркози во 2012 година, кога тој загуби на изборите, наречена „Бигмалион“ според претпријатието кои ги издаваше фактурите. Истрагата водена во оваа афера доведе до отворање на нова истрага.

Сите овие обвиненија и истраги против Никола Саркози сериозно можат да го попречат неговото враќање во политиката.

Би можело да ве интересира

Марин Ле Пен и 26 лица обвинети за финансиска измама која траела со години

Горан Наумовски

ВИДЕО: Голема поплава во Кан, водата носеше автомобили

Париз блокиран: Илјадници луѓе протестираат

Французите ја намалуваат цената на струјата за 10 отсто

Предраг Петровиќ

Протести низ Франција против именувањето на Мишел Барние за премиер

Макрон го назначи Барние за шеф на владата