Нова фаза во војната, Русите се фокусираат на Донецк, Украинците се прегрупираат

Од:

Петмесечната војна во Украина влезе во нова фаза – руските сили се фокусираат на своите воени цели во Донецк, источна Украина, откако рускиот претседател Владимир Путин прогласи победа во соседен Луганск.

Со заземањето на градот Лисичанск во неделата беше комплетирано руското освојување на Луганск, еден од двата региони во Донбас, индустријализираниот источен регион на Украина, кој стана сцена на некои од најголемите борби во Европа.

Двете страни претрпеа големи загуби во борбите за Луганск, особено за време на опсадата на Лисичанск и Северодонецк. Двата града останаа во урнатини по немилосрдните руски бомбардирања.

„Градот повеќе не постои“, вели Нина, млада мајка која побегнала од Лисичанск и се засолнила во централниот град Днипро.

„Практично беше избришан од лицето на Земјата. Нема центар за дистрибуција на хуманитарна помош, беше погоден. Зградата во која беше сместен центарот повеќе не постои. Ниту многу од нашите куќи“, рече таа.

Во вторникот, украинските сили зазедоа нови одбранбени позиции во Донецк, каде што сè уште ги контролираат големите градови. Путин им порача на своите војници во Луганск „да се одморат целосно и да ја вратат својата воена подготвеност“ додека единиците во другите области продолжуваат со борбите.

Од почетокот на конфликтот, Русија бара Украина да ги предаде Луганск и Донецк на проруските сепаратисти кои ги прогласија овие региони за независни држави.

„Ова е последна победа на Русија на територијата на Украина“, рече Олексиј Арестович, советник на претседателот Володимир Зеленски, во видео објавено на интернет.

„Тие беа градови со средна големина. И тоа траеше од 4-ти април до 4-ти јули – тоа се 90 дена. Толку многу загуби, рече тој.

Арестович рече дека, покрај битката за Донецк, Украина се надева дека ќе почне контраофанзива на југот на земјата.

„Заземањето градови на исток значеше дека 60 отсто од руските сили сега се концентрирани на исток и тешко е да се пренасочат кон југ“, рече тој.

„И нема повеќе сили што може да се донесат од Русија. Тие платија висока цена за Северодонецк и Лисичанск“, додаде тој.

Некои воени експерти сметаат дека тешко извојуваната победа им донесе мала стратешка предност на руските сили и дека исходот од „Битката за Донбас“ е неизвесен.

Надежите на Украина за контранапад делумно се потпираат на ветувањето за дополнително оружје од Западот, вклучително и проектили кои можат да ја неутрализираат огромната руска предност во огнената моќ.

Прашањето е колку брзо ќе пристигнат залихите“, рече Арестовиќ.

„Едноставно нема доволно оружје за испорака на Запад. На крајот на краиштата, ова е најголемиот конфликт од 1945 година…така што мора да се произведува повеќе оружје, а тоа производство е во тек. И со такво темпо што до есен таму ќе бидат многу значителни количини оружје“, додаде тој.

Би можело да ве интересира

Украина предупредува на трета светска војна пред клучната одлука во Америка

Катерина Ѓуровски

(ВИДЕО) Украинците објавија снимка: Вака изгледа град кој го напаѓаат Русите

САД одделно ќе гласа за помош на Украина и Израел, републиканците на Трамп се закануваат

Русите ги распоредуваат моќните ракети „Кх-69“

Предраг Петровиќ

(ВИДЕО) Американски снајперист во Украина: Мора да го запреме Путин

ВИДЕО: Русија жестоко нападна неколку украински градови, најтешко погоден Харков

Катерина Ѓуровски