Нова ерупција на вулканот Питон де ла Фурнез на францускиот остров Реунион

Од:

Вулканот Питон де ла Форнез, што се наоѓа на францускиот остров Реунион во Индискиот океан, а важи за еден од најактивните и најнабљудуваните во светот, рано утринава еруптира по втор пат годинава, јави дописникот на МИА.

Вулканот вчераутро предизивка сеизмичка криза или „вулкански потрес, што е знак за пристигнување на магмата на површината, а беше регистриран во 12:20 часот по локално време“, потврди префектурата од Сен Дени-Реунион.

Според апаратите на вулканолошката опсерваторија, изворот на овој потрес се наоѓа на источниот дел од вулканот.

Поради мерките за ограничено движење што се во сила заради спречување на ширењето на Ковид-19 на островот – каде има 281 заразени – вулканолозите не можеа визуелно да го потврдат „доаѓањето на лава на површината“.

Потврда за ерупцијата беше извршена од жандармеријата во извидувачки летови. Ерупцијата е во калдерата на вулканот, областа е целосно ненаселена и затоа ерупцијата не претставува опасност за луѓето и имотот.

Во 2019 година, Питон де ла Фурнeз имаше пет ерупции. Вулканот се наоѓа на надморска височина од 2.632 метри и е меѓу најактивните во светот.

Вулканот се наоѓа во подрачје класифицирано како светско наследство од УНЕСКО. Има природно куќиште и со тоа не претставува никаква опасност за населението или посетителите кои сакаат да се восхитуваат на овој уникатен пиротехнички спектакл во Индискиот Океан.

Би можело да ве интересира

Франција ја лансира од подморница својата прва крстосувачка ракета

Ана Ололовска

Францускиот министер за внатрешни работи побара затворање на џамијата во Пантен

Ана Ололовска

Сопругата на Емануел Макрон, Брижит, оди во самоизолација откако била во контакт со заразено лице

Жарко Настоски

Франција планира да протера 231 осомничен екстремист

Ана Ололовска

ВИДЕО: Илјадници луѓе демонстрираа на улиците во Франција поради убиство на наставник

Ана Ололовска

Рекорден број на заразени во Франција

Ана Ололовска