Нов Зеланд со поостар став за протестите против рестрикциите воведени против Ковид-19

Од:

Премиерката Нов Зеланд Џасинда Ардерн изјави дека демонстрантите кои се противат на рестрикциите воведени поради коронавирусот користат „заплашување и вознемирување“ откако властите станаа построги кон колоната демонстранти што го нарушува мирот во главниот град Велингтон речиси една недела.

Првично, полицијата им дозволи на демонстрантите да постават шатори и да кампуваат на територијата на Парламентот на Нов Зеланд, по што во четвртокот беа уапсени 122 лица, па полицијата повторно се повлече. Минатата недела бројот на демонстранти се намали на неколку стотици, но во текот на викендот повторно се искачи на околу 3.000.

Ардерн, рече дека трпението на властите е при крај.

– Имам многу јасно мислење за демонстрантите и начинот на кој тие го спроведоа својот протест, бидејќи тоа го надмина споделувањето мислење и прејде на заплашување и малтретирање на луѓето околу центарот на Велингтон, рече таа и додаде. „Тоа не може да се толерира.

Минатата недела, претседателот на парламентот Тревор Малард се обиде да ги растера демонстрантите со вклучување на прскалки за тревниците и постојано им пушташе стари песни од Бери Манилоу и хитот Макарена од 90-тите.

Полицијата денеска побара од демонстрантите што е можно побрзо да ги преместат незаконски паркираните автомобили и им предложи да ги паркираат кај стадионот во близина.

Извор: МИА

Би можело да ве интересира

Силен земјотрес го погоди Нов Зеланд

(ВИДЕО) Шок пред отворањето на женското СП во Нов Зеланд: Двајца мртви и шест повредени

(ВИДЕО) Маж од Нов Зеланд упадна во кинески ресторани, па со секира и чекан ги нападна гостите

Земјотрес во Нов Зеланд со јачина од 6,2 степени

Ана Ололовска

Новозеланѓаните кои живеат во Австралија четири или повеќе години ќе можат да аплицираат за државјанство

Ана Ололовска

11 лица загинаа во невремето „Габриел“ во Нов Зеланд

Горан Наумовски