Нов тест открива кои пациенти се под ризик да развијат тешка форма на Ковид-19

Од:

Научници во Британија развија тест на крвта што може ефикасно да ги открие пациентите кои имаат повисок ризик да развијат тешка форма на Ковид-19.

Експертите од Кралскиот колеџ во Лондон велат дека направиле тест со кој може да се открие протеин кој е директно поврзан со ризик од смрт или сериозна форма на Ковид-19, пишуваат медиумите од Островот.

Се смета дека протеинот ГМ-ЦСФ е одговорен за распаѓање на имунолошкиот систем и предизвикување оштетување на органите или смрт кај некои пациенти со коронавирус. Меѓутоа, ако се открие на време, за време на приемот на пациентот во болницата, лекарите можат да реагираат поагресивно и можно е да се нападне ГМ-ЦСФ со постојните лекови што се користат за лекување артритис. И намалувањето на нивото на протеини би го намалило ризикот некој сериозно да се разболи или да почине од коронавирус, објаснуваат истражувачите.

Во студија спроведена на повеќе од 500 пациенти, тим научници откриле дека нивото на протеин познат како цитокин е значително повисок кај сериозно болни луѓе, па дури и десет пати повисок кај луѓето кои подоцна починале.

Професорот Питер Опеншо, еден од експертите кои учествуваа во студијата, рече дека „овие откритија се многу важни во борбата против Ковид“.

Би можело да ве интересира

Британците повеќе не ја сметаат Германија за сигурен сојузник

Велика Британија: Полицијата нуди 23.000 евра за помош за апсење на напаѓачот од Клепам

Горан Наумовски

(ВИДЕО) Бурата Иша ја погоди Британија, откажани летови, илјадници домови без струја

Хорор во Англија: Пронајдени четири тела во куќа во Костеси

А1он

Ковачевски: Со законот за рестриктивни мерки ќе бидат опфатени наши ентитети, санкционирани од САД и Британија

А1он

Кое оружје го користеа САД и Велика Британија за да ги нападнат Хутите

А1он