Нов скандал со храна: Свинско месо во швајцарските и германски кебапи

Од:

Лаборатории во Германија и Швајцарија открија дека во кебапи, кои главно ги јадат муслимани, има траги од свинско месо.

Швајцарската лабораторија пронајде свинско месо во седум од 20 примероци на кебапи, кои се продаваат во неколку градови, соопшти Швајцарскиот исламски центар, кој е шокиран со ова откритие.

-Анализата открива дека има мала количина од свинско место – стои во сооштението.

И лабораторија во Берн изврши анализа на месото за кебапи, по барање на Советот, откако изби скандал дека во Германија околу 7 проценти од свинско месо се пронајдени во кебапи.

Организацијата смета дека присуството на свинското месо, кое исламската вера го забранува, во швајцарските кебапи не е резултат од лоша намера, туку пропуст во процесот на производство.

Остатоци од свинското месо користено за изработка на други производи, може да биле во контакт со машините кои што служат за подготовка на кебапите.

Елена Георгиевска

Би можело да ве интересира

Тројца тинејџери уапсени во Германија под сомнение дека планирале напад

Швајцарија организира мировна конференција за Украина на 15 и 16 јуни

Спречен терористички напад во Германија

Германски медиуми: Во Европа откриено складиште за оружје на Хамас

Германија: Стапи на сила законот за декриминализирање на поседувањето канабис

Над 20 повредени во нова автобуска несреќа во Германија-патниците биле средношколци

Горан Наумовски