Нов напад на Ал-Шабаб: Шестмина убиени во воена база во Сомалија

Од:

Шест лица се убиени кога тешко вооружени борци на исламистичката терористичка група Ал-Шабаб нападнаа воена база во Сомалија, изјавија синоќа владини извори, јавува ДПА.

Двајца војници и четворица цивили, од кои две жени, се меѓу загинатите откако милитантите доцна синоќа ја напднале воената база Хилвејн, на 25 километри северно од главниот град Могадишу, изјави за ДПА владиниот портпарол Исмаил Мукхтар Омар.

-Нашите сили жестоко им возвратија на терористите и убија неколку бунтовнички борци, изјави Омар.

Ал-Шабаб ја презеде одговорноста за нападот на пробунтовничкото радио Андалус.

Групата Ал-Шабаб има тесни врски со интернационалната терористичка мрежа Ал Каеда и често пати изведува напади во земјите од истична Африка, пренесува ДПА.

Би можело да ве интересира

Вооружени мажи киднапираа брод кај Сомалија, судбината на екипажот е непозната

Двајца американски морнари исчезнаа во близина на брегот на Сомалија

Насилство и вооружени конфликти во Сомалија, најмалку 36 мртви

Деца во Сомалија играле со граната што експлодирала, над 25 мртви

Ана Ололовска

Ал Шабаб првпат побара преговори со сомалиската Влада

Ана Ололовска

Американската армија убила шест милитанти на Ал Шабаб во Сомалија