Нов лет со дрон над француска нуклеарна централа

Од:

По 20. пат од почетокот на октомври е регистрирано беспилотно летало над една од француските нуклеарни централи. Се уште нема траги за расчистување на ваквите случаи.

Последен пат дрон е забележан во текот на ноќта во вторникот над Катном во Лотарингија, во источна Франција, соопшти компанијата Е-Де-Еф, што раководи со француските АЕЦ.

Според компанијата ова е втор пат за помалку од месец, како и дека веќе е поднесена тужба.

На 11 октомври во воздушниот простор над Катном за првпат е регистрирано летало, слично на дрон. Инцидентот сепак нема никакви последици за безбедноста и работата на постројките, наведува Е-Де-Еф.

Од почетокот на октомври регистрирани се летови над 16 нуклеарни централи во Франција и досега се уште никој нема преземено одговорност за тоа. Минатата недела беа покренати обвиненија против двајца мажи, забележани со два дрона во близина на АЕЦ во Централна Франција. Сепак, подоцна е утврдено дека двајцата се макетари, што работеле на воздушна макета.

Франција располага со вкупно 58 реактори во 19 централи.

Би можело да ве интересира

ВИДЕО: Голема поплава во Кан, водата носеше автомобили

Париз блокиран: Илјадници луѓе протестираат

Французите ја намалуваат цената на струјата за 10 отсто

Предраг Петровиќ

Протести низ Франција против именувањето на Мишел Барние за премиер

Макрон го назначи Барние за шеф на владата

Уапсен сопственикот на Телеграм