Нов црн рекорд во Израел – речиси 5.000 новозаразени за еден ден

Од:

Израел денеска потврди дека во изминатите 24 часа се регистрирани 4.973 лица новозаразени од коронавирус, што е рекорден број од почетокот на епидемијата.

Министерството за здравство соопшти дека бројот на активни случаи е 40.689, дека имало 47.509 тестови и дека стапката на инфекција е алармантна – 10 проценти.

Повеќе од 500 заразени лица се во сериозна состојба, а 140 се на апарати за дишење, пренесуваат израелските медиуми.

Во Израел од Ковид-19 починаа 1.141 лице.

Професорот Рони Гамзу, кој раководи со Кабинетот за коронавирус, денеска рече дека верува оти бројот на заразени лица во Израел е многу поголем од официјалниот, но дека тоа не може да се потврди се додека не се зголеми бројот на дневни тестови.

– Ако направевме повеќе тестови, денеска ќе имавме уште 20.000 пациенти, изјави Гамзу.

Во Израел, во петок, во пресрет на еврејската Нова година, започнува тринеделен период на изолација во обид да се запре ширењето на вирусот.

Би можело да ве интересира

Иран: Следниот напад ќе биде за неколку секунди

Катерина Ѓуровски

Израел потврди дека ќе се одмазди, раздор во кабинетот на Нетанјаху

Катерина Ѓуровски

Откриен еден од израелските планови за одмазда на Иран

САД одделно ќе гласа за помош на Украина и Израел, републиканците на Трамп се закануваат

Израелскиот министер за одбрана разговараше со својот американски колега: Немаме друг избор освен да му одговориме на Иран

Предраг Петровиќ

Фалената „железна купола“ не пресретнала ниту една од хиперсоничните ракети на Иран

Предраг Петровиќ