Нов антисемитски испад на Жан-Мари Ле Пен

Од:

Во видеото објавено на интернет страницата на Националниот Фронт (НФ), но која не беше достапна денеска, Жан-Мари ле Пен отворено ги нападна уметниците кои имаат заземено позиција против НФ: Ги Бедос (хуморист), Јаник Ноа, Мадона, споменувајќи го и пејачот и глумец Патрик Бруел кој е Евреин.

– Ќе наполниме нова фурна идниот пат,  вели во смеа почесниот претседател на НФ.

Во соопштението на СОС Расизам е најавено дека оваа невладина организација ќе поднесе тужба против Жан-Мари Ле Пен, кој веќе беше осудуван за вакви и слични антисемитски испади, јавува дописникот на МИА од Париз.

Имено, Жан-Мари Ле Пен веќе беше осудуван за предизвикување на расна омраза и оспорување на злосторство против човештвото, посебно откако оцени дека „гасните комори во нацистичките концентрациони логори се детал во историјата“ – или играта на зборови со крематориумите.

„Стратегијата на одбрана на десно екстремистичката партија која го мете патот и антисметските  и расистичките испади на историскиот лидер на партијата, нарекувајќи го истиот како нелегитимен и дека тој не го претставува движењето не се одржливи“ – смета СОС Расизам, според кој одговорните на НФ треба да ја преземат одговорност за омразата во нивната идеологија“.

Вториот човек на НФ, Луи Алио (европратеник) и животен придружник на Марин ле Пен (ќерката на Жан-Мари Ле Пен) оцени дека новиот испад на Жан-Мари Ле Пен политичики е глупав и ужасен.

Но оваа реакција на НФ, според СОС Расизме е „маскарада“, „или одговорните на актуелниот ФН се неспособни да раководат со нивната партија, а сакаат да раководат со Франција или на поубедлив начин, се работи за хипокризија, односно дистанцирање наспроти полемиката која расте по најновиот испад на Жан-Мари ле Пен во моментот кога тие ја воспостатвуваат нивната стратегија за дедиаболизација на партијата“.

Би можело да ве интересира

ВИДЕО: Голема поплава во Кан, водата носеше автомобили

Париз блокиран: Илјадници луѓе протестираат

Французите ја намалуваат цената на струјата за 10 отсто

Предраг Петровиќ

Протести низ Франција против именувањето на Мишел Барние за премиер

Макрон го назначи Барние за шеф на владата

Уапсен сопственикот на Телеграм