Носењето маската повеќе нема да биде задолжително во јавниот превоз од 16 мај во Франција

Од:

Од следниот понеделник, 16 мај, носењето маска повеќе нема да биде задолжително во „целиот јавен превоз“, објави министерот за здравство Оливие Веран, на крајот од последниот совет на министри на првиот петгодишен мандат на Емануел Макрон, јави дописникот на МИА.

Министерот за здравство, притоа појасни дека маската сепак се препорачува.

Ова беше една од последните мерки кои сè уште се на сила во Франција во однос на епидемијата на Ковид 19, по олеснувањата минатиот март. Сепак, обврската за вакцинирање на болничкиот персонал останува на сила во моментов. Бројот на откриени нови случаи во вторникот беше 56.449, а хоспитализирани се 20.498 пациенти, а починале 122 лица. што покажува дека вирусот е се уште присутен.

Извор: МИА

Би можело да ве интересира

Франција ја подигна безбедноста на највисоко ниво

Во Франција се уапсени 13 лица осомничени дека се членови на нарко-банда од Марсеј

(ВИДЕО) Драма во Франција: Поплава однесе татко и две деца

Франција абортусот го прогласи за уставно право

ВИДЕО: Во Франција горат 900 тони литиумски батерии

Во Франција, бројот на случаи на сифилис се зголеми за 110% за две години