Норвешката премиерка апелира до граѓаните колку е можно повеќе да останат дома

Од:

Норвешката премиерка Ерна Солберг апелираше на граѓаните да избегнуваат патувања низ земјата и да останат дома колку е можно повеќе, согласно новите препораки и рестриктивни мерки воведени минатата недела, кои имаат за цел да го спречат ширењето на коронавирусот.

Бројот на новите случаи на зараза се зголемил во повеќе делови на Норвешка, а минатата недела е регистриран рекорден број на новозаразени во еден ден.

Премиерката предупреди дека епидемиолошката ситуација во земјата е многу сериозна. Таа истакна дека нема доволно време за чекање за да се утврди дали воведените мерки минатата недела се доволни за спречување на порастот на бројот на новозаболени.

Солберг изјави пред пратениците дека многу земји кои ги заостриле рестриктивните мерки биле принудени подоцна да воведат мерки на карантин, додавајќи дека Владата на Норвешка се подготвува да воведе нови рестрикции доколку се покаже дека тоа е неопходно да се спречи колапс на здравствениот систем.

Би можело да ве интересира

Норвешка го зголеми бројот на регрути: Мора да имаме доволно луѓе, ќе ни требаат се повеќе и повеќе

Спасени се сите патници од хеликоптерот кој падна во океанот во близина на Норвешка

Горан Наумовски

Исчезна хеликоптер во Норвешка, започната е спасувачка акција по преживеаните

ВИДЕО: Норвешки крузер со илјадници патници блокиран кај Маурициус поради страв од колера

Русија победува во Украина, западното оружје е потрошено тврдат норвешките тајни служби

(ВИДЕО) Снежна бура во Норвешка, хаос во Осло