Норвешка не дозволува фирма од Русија да купи компанија за производство на мотори

Од:

Норвешката министерка за правда Моника Меланд соопшти дека е блокирана продажбата на стратешкиот производител на мотори „Берген енџинс“ (Bergen Engines) на руска компанија поради заштита на националната безбедност.

Плановите за продажба на филијалата на „Ролс-Ројс пауер системс“ (Rolls-Royce Power Systems) на руската компанија „ТМХ интернешнл“ (TMH International) за околу 1,6 милијарди круни (186 милиони долари) беа критикувани од страна на опозицијата.

– Продажбата би ги зајакнале воените можности на Русија, што несомнено е во спротивност на норвешките и на интересите на сојузниците поврзани со безбедносната политика. Владата ги разгледа информациите што и беа доставени од военото разузнавање, истакна Меланд пред Парламентот.

Таа додаде дека конечната одлука за стопирање на продажбата ќе биде донесена на владина седница в петок.

Министерот за одбрана Франк Баке-Јенсен наведе дека одлуката на Владата ја потврдува ефективноста на новиот закон за безбедност на Норвешка.

Според норвешката Влада, „Берген инџинс“ разви модерни технологии и произведува бензински и дизел мотори, што би имале значајна стратешка улога за Русија.

Иако норвешката компанија не мора да бара дозвола за извоз на своите производи и технологии, Русија тешко ја набавуваше таквата технологија од 2014 година, кога западните земји и воведоа санкции поради кризата во Украина. Норвешка е членка на НАТО и ги поддржа санкциите против Русија.

Би можело да ве интересира

Почина еден од пилотите на рускиот воен авион кој се урна во Ставропол

Горан Наумовски

Русија: Водостојот на реката Тобол достигна „опасно ниво“

Голема поплава на границата меѓу Русија и Казахстан, десетици илјади луѓе евакуирани

Русија се огласи за нападот на Иран на Израел

Катерина Ѓуровски

Нов воздушен напад во Луганск

А1он

Русија: Подгответе се за безусловна капитулација на Украина

Горан Наумовски