Норвешка ги заострува заштитните мерки против Ковид-19 од идната недела

Од:

Норвешка следната недела ќе објави построги мерки за спречување на ширењето на коронавирусот по неодамнешното зголемување на бројот на нови инфекции, изјави денеска норвешката премиерка Ерна Солберг.

– Гледаме како инфекцијата се шири на многу места. Ова е загрижувачко. Затоа, ние веќе најавуваме дека националните ограничувања ќе бидат засилени следната недела. Мерките ќе бидат насочени кон областите каде што сега се шири инфекцијата, рече Солберг.

Иако случаите растат и властите се загрижени, ситуацијата во Норвешка е помалку драматична отколку во другите делови на Европа.

Норвешка во моментов има второ најниско ниво на инфекција во Европа, по Естонија.

Кумулативниот број на случаи на Ковид-19 во период од 14 дена на 100.000 жители, според Европскиот центар за превенција и контрола на болести, изнесува 36,6.

Како што пренесуваат агенциите, постојат големи разлики во различни области на земјата, иако властите се најмногу загрижени за ситуацијата во Осло, каде што е задолжително да се носат маски во јавниот превоз кога е невозможно да се одржи дистанца.

Би можело да ве интересира

Норвешка го зголеми бројот на регрути: Мора да имаме доволно луѓе, ќе ни требаат се повеќе и повеќе

Спасени се сите патници од хеликоптерот кој падна во океанот во близина на Норвешка

Горан Наумовски

Исчезна хеликоптер во Норвешка, започната е спасувачка акција по преживеаните

ВИДЕО: Норвешки крузер со илјадници патници блокиран кај Маурициус поради страв од колера

Русија победува во Украина, западното оружје е потрошено тврдат норвешките тајни служби

(ВИДЕО) Снежна бура во Норвешка, хаос во Осло