Нора Алити на Конференција на комисиите за европски прашања на земјите-членки на ЕУ- КОСАК

Од:

Заменик претседателот на собраниската Комисија за европски прашања Нора Алити ќе учествува на Конференција на комисиите за европски прашања на земјите членки на ЕУ- КОСАК, што во рамките на италијанското претседателство со ЕУ ќе се одржи од денеска до 3 декември во Рим, Италија.

На Конференцијата за улогата на италијанското претседателство со ЕУ обраќање ќе има Матео Рензи, претседател на Италијанскиот совет на министри, а ќе стане збор и за улогата на европските институции – пет години по Лисабонскиот договор, како и за „Стратегијата Европа 2020: раст, вработување и конкурентност“.

Предвиденo е да се одржи и расправа за евроинтеграциските перспективи на тема „Глобалната улога на ЕУ и проекцијата на нејзините политики во Медитеранот и Источна Европа“.

Би можело да ве интересира

ДУИ повикува на исполнување на обврските од Преговарачката рамка и итно усвојување на уставните измени

Касами: Ќе работиме на решавање на билатералниот проблем со источниот сосед, за да го фатиме чекорот со Албанија кон ЕУ

Предраг Петровиќ

Мицкоски: За мене ова е диктат, ако е ова условот за Македонија да продолжи да преговара тогаш не благодарам

Горан Наумовски

Албанија на 15 октомври ќе ги започне преговорите со ЕУ по Кластерот 1

Борисов и Петков: Скопје да одлучи – внесување на Бугарите во Уставот или патот кон ЕУ ќе остане затворен

Главчев: Македонија едноставно треба да ги исполни барањата на ЕУ