НЛО и над Европа – Драма на небото над Романија, војската ги крена миговите

Од:

Романската армија подигна два авиона МИГ-21 за да пресретнат неидентификуван објект забележан во југоисточна Романија.

Романската авијација соопшти дека системот за набљудување околу 12:30 часот, регистрирал неидентификуван објект, налик на метеоролошки балон, на надморска височина од околу 11.000 метри.

Инцидентот се случил околу еден час пред денешниот силен земјотрес кој ја погоди Романија. Романските власти ги примениле сите стандардни процедури од моментот на откривање на објектот, а двата авиони од романската авијација полетале од воздухопловната база ФЕТЕСТ околу 12,40 часот.

„Екипажот на два авиони не го потврди присуството на неидентификуваниот објект, ниту визуелно ниту на радарите. Авионите се задржале околу 30 минути во областа, за целосно разјаснување на ситуацијата, по што се вратиле во воздушната база. Романската воена авијација во соработка со сојузничките сили постојано го следи националниот воздушен простор и областа во близина“, соопшти Министерството за национална одбрана.

Претходно, во вторникот, Република Молдавија привремено го затвори својот воздушен простор, од 11,24 до 14,47 „за да се обезбеди безбедност и безбедност на цивилното воздухопловство“.

Според медиумите причината за затворање на небото било регистрирање на неидентификуван дрон.

Би можело да ве интересира

Земјотрес во Романија, трет во последните 24 часа

Мистериозен напад на НЛО на нуклеарна база: „Стражарите почнаа да врескаат, проектилите уништени“

Предраг Петровиќ

Нова драма на небото над САД: Војската следи НЛО

(ВИДЕО) Пентагон објави нова снимка на НЛО: Не можеме засега да објасниме

Предраг Петровиќ

ВИДЕО: Пентагон потврди дека следи повеќе од 650 НЛО, објави две снимки

Вонземјаните нè проучуваат, знаеме како го прават тоа- теорија на службеник на Пентагон и професор на Харвард

Предраг Петровиќ