Њујорк воведува контролни пунктови на влезовите во градот поради Ковид-19

Од:

Њујорк ќе постави контролни пунктови за карантин на клучните влезни места за да обезбеди патници од 35 сојузни држави, каде епидемиолошката состојба е неповолна, да се придржуваат две недели изолирање, најави градоначалникот Бил де Блазио.

Властите сакаат да спречат нов бран на инфекција во градот, кој порано беше најголемото жариште на пандемијата во светот.

Додека бројот на заразени падна за пет отсто на ниво на САД, во Оклахома, Монтана, Мисури и 17 други држави, има голем пораст.

– Патниците кои доаѓаат од тие сојузни држави ќе добијат карантински информации и ќе бидат потсетени дека изолацијата е задолжителна, а не прашање на избор, изјкави Де Блазио на прес-конференција, додавајќи дека казните за оние кои ја прекршуваат одредбата за изолација може да бидат и до 10 илјада долари.

Кабинетот на шерифот, во координација со други безбедносни агенции, денеска ќе почне со поставување контролни пунктови на мостови и во тунели, кои се прометни во сообраќајот.

– Една петтина од сите нови случаи во Њујорк отпаѓаат на патниците надвор од државата, рече д-р Тед Лонг, кој ја надгледува програмата за следење заразени во Њујорк.

Би можело да ве интересира

Секој четврти Русин веќе е отпорен на ковид-19, тврди функционерката Попова

Жарко Настоски

Тренерот на ПСЖ Покетино се зарази со коронавирус

Жарко Настоски

Можеби никогаш нема да го најдеме „нултиот пациент“, велат од СЗО

Жарко Настоски

ВИДЕО: Српскиот епидемиолог Кон се разлути: Јас не сум ничиј подопашник!

Жарко Настоски

Во Косово нови седуммина починати, 296 заболени и 526 излекувани од Ковид-19

Жарко Настоски

Дејвид Кеслер ќе ја предводи програмата за вакцинација во САД, одлучи Бајден

Ана Ололовска