„Њујорк тајмс“: Трамп планира да помилува воени злоторници

Од:

Американскиот претседател Доналд Трамп побара да се подготви документација за да помилува членови на американската армија обвинети или осудени за воени злосторства, објави „Њујорк тајмс”.

„Трамп побара веднаш да се подготви документацијата, и да биде готова до 27 мај”, објави весникот, цитирајќи на двајца неименувани американски официјални лица.

Еден официјален претставник изјави дека собирањето документација за помилување трае со месеци, но дека Министерството за правда врши притисок се да биде готово пред празничниот викенд.

Весникот нагласува дека меѓу барањата е и за командантот на специјалните операции Едвард Галагер од поморските единици „Фоки”, за кој судењето е закажано за следните недели.

Галагер е обвинет за пукање во невооружени цивили во Ирак и убивање непријателски затвореници со нож.

Според весникот, се верува дека во процесот на помилување ќе биде вклучен и мајор Метју Л Голстејн, припадник на специјалните сили „Зелени беретки”, обвинет за убиство на невооружени Авганистанци во 2010 година.

За таа тема пишува и британскиот весник Гардијан, кој наведува дека Трамп во неколку наврати покажал интерес за помилување, што предизвикало одушевување меѓу републиканците и десничарските медиуми, како што е Фокс Њуз.

Би можело да ве интересира

Студентски бунт во Америка, 100 академици уапсени во Колумбија

САД испраќа огромен пакет воена помош за Украина

Америка го ограничи движењето на својот дипломатски персонал во Израел

Стејт департментот потврди дека ќе стави вето на приемот на Палестина во ОН во Советот за безбедност

Горан Наумовски

Белата куќа се противи на палестинската државност

Џонсон: Путин ќе продолжи да маршира низ Европа, Балканот може да биде следен

Горан Наумовски