Поранешниот американски претседател Доналд Трамп ги нападна своите блиски соработници поради резултатите од изборите во САД одржани на 8 ноември, а Тајмс пишува дека тој ја обвинил сопругата Меланија за неуспесите на кандидатите на Републиканската партија.
Победата на Рон ДеСантис на изборите за гувернер на државата Флорида дефинитивно за него беше најлоша. ДеСантис на изборите доби нешто повеќе од 4,6 милиони гласови, дури 1,5 милиони повеќе од кандидатот на Демократската партија Чарли Крист.
Гувернерот на Флорида моментално е еден од најпопуларните политичари во Републиканската партија и може да ги наруши плановите на Трамп за претседателските избори во 2024 година. Се очекува Трамп следниот вторник да објави дека ќе се кандидира за трет мандат како претседател на САД.
„Тајмс“ пишува дека Трамп многу им се налутил на своите советници по поразите што ги претрпеа неговите кандидати. Тој, наводно, бил особено бесен затоа што републиканците го избрале контроверзниот ТВ лекар Мехмет Оз за свој кандидат за Сенатот на државата Пенсилванија. Трамп обвини неколку блиски соработници и неговата сопруга Меланија, која беше меѓу истакнатите поддржувачи на Оз. Американскиот дневен весник Њујорк Тајмс пишува дека „бесниот“ Трамп тврдел дека одлуката на неговата сопруга „не била најдобра“.