„Њујорк Тајмс“: Пилотите на Боинг тренирале само со ајпад

Од:

Многу пилоти во САД биле обучувани да управуваат со Боинг 737 Макс-8 само со помош на ајпад, лекцијата траела еден час и прочитале само прирачник од 13 страници.

Ова го пишува „Њујорк тајмс“ додавајќи дека во прирачникот немало ниту збор за новиот систем за стабилизација, кој најверојатно е причината за последните несреќи во Етиопија и Индонезија.

Пилотските сојузи на „Саутвест ерлајнс“ и „Американ ерлајнс“ признаваат дека често барале од Боинг да им обезбедат симулатори, но производителот и американската воздухопловна администрација одлучиле дека пилотите немаат потреба од дополнителни тренинзи, бидејќи имаат искуство со Боинг.

Би можело да ве интересира

Боинг нема нарачки за 737 МАКС во првото тромесечје

Јасна сличност“ постои меѓу податоците од урнатите авиони на „Етиопиан ерлајнс“ и на „Лајон ер“

Што значат последните зборови на пилотот на боингот 737?

Забрана за авионите „Боинг 737 Макс 8“ и на небото над Велика Британија

Кина приземји речиси сто авиони „Боинг 737“