ВИДЕО: Исус бил женет…

Од:

Карен Кинг, експерт за раното христијанство од Харвардскиот богословски универзитет, презентираше парче папирус од 4-от век на коптски јазик, во кој се содржи досега невидена фраза во кој и да е текст на Светото писмо, поврзана со можната жена на Исус.

На папирусот пишувало: „И Исус им кажа, „Мојата жена….“, за кој текст Кинг тврди дека е единствениот досега постоечки документ што експлицитно го цитира Исус во врска со тоа дека има жена.

Избледениот папирус, со големина помала од визит карта, од едната страна има осум редови, испишани со црно мастило, кои се читаат со лупа.

Точно под редот, во кој станува јасно дека Исус има жена, се содржи и втората провокативна реченица: „Таа ќе може да биде мој ученик“.

Откритието беше обелоденето вчера во Рим на Меѓународниот конгрес по коптологија од страна на Карен Кинг – историчарка, која досега објави неколку книги за нови откритија во Евангелието и која е првата жена носител на најстарата титула во САД – професор по богословие „Холис“.

Потеклото на папирусот е енигма. Неговиот сопственик побарал да остане анонимен. До вчера Кинг го покажувала парчето папирус само на мал круг експерти за папируси и за коптски јазик, кои заклучиле оти тој најверојатно е автентичен.

Откритието може одново да го разгори спорот дали Исус бил женет, дали Марија Магдалена била негова сопруга и дали имал жена наследник. Овие спорови датираат уште од раните векови на христијанството, тврдат научниците. Тие се актуелни и денес, кога христијанството е разбранувано од прашања како можноста на жената да е свештеник и границите на бракот, додава „Њујорк тајмс“.

Би можело да ве интересира

Полскиот историчар Рубаха тврди: Илинденското востание го раководеле Бугари

Орце Костов

ЗИРМ: Учебникот по Историја за V одделение изобилува со погрешни информации и со неосновани констатации

Горан Наумовски

Николај Милков: Пред да влезе во ЕУ, Македонија треба да се раздели со лажните парадигми во историјата

Орце Костов

Џамбаски: Господине Османи, Гоце Делчев е Бугарин, нема две верзии на историјата

Орце Костов

Бугарски научници: Лагите на македонските историчари ќе се најдат во сите светски библиотеки

Орце Костов

Видео: „Срам и арам, ни јазикот бетон, ни историјата – во ЕУ не ќе влеземе ни за 100 години“ – експерти контра владата

Анита Петровска Рајковиќ