„Њујорк тајмс“: Иран тајно складира ракети во Ирак

Од:

Иран тајно префрла ракети во Ирак, тврди американскиот версник Њујорк тајмс. Зголемениот арсенал од балистички ракети со мал дострел е последниот признак за пропаднати напори на САД за запирање на активностите на Техеран.

Вашингтон го зголеми одново военото присуство на Блискиот исток за да се спротистави на пројавата на нови закани за американски интереси вклучително напади врз нафтени танкери и објекти за кои американското разузнавање го обвинува Иран. Од мај адмнистрацијата на Трамп испратила уште 14.000 војници во регионот, наведува весникот.

Новите разузнавачки посдатоци за натрупување ракетен арсенал во Ирак е нов знак дека обидите да се запре Техеран се пропаднати. Ракетите се закана за сојузниците и партнерите на САД во регионот, наведуваат американски претставници од разузнавањето.

Ракетен арсенал вон границите и дава на иранската Влада и армијата предност при каква било криза со САД или нивни регионални сојузници. Иран ги користи ирачките шиитски милиции за преместување и криење на ракетите. Паравоените тимови во пракса контролираат многу патишта, мостови и објекти од инфраструктурата и тоа го олеснува тајното внесување ракети, нагласува Њујорк тајмс.

Би можело да ве интересира

Нападната е американска воена база во Ирак

Најмалку пет ракети истрелани од Ирак кон американската воена база во Сирија

Врховниот лидер на Иран: Покажавме моќ во нападот врз Израел

Орце Костов

ВИДЕО: Воздушен напад во Ирак, експлозии во база на проиранската милиција

Катерина Ѓуровски

(ВИДЕО) Иранската државна телевизија IRIB ги минимизираше извештаите за израелскиот напад

Иран: Немаше ракетен напад, соборивме израелски беспилотни летала

Горан Наумовски