„Њујорк тајмс“ ги обвини кинеските хакери за упади во неговите компјутери

Од:

„Њујорк тајмс“ соопшти денеска дека кинески хакери упорно ги напаѓаат неговите компјутери изминатите четири месеци, откако го објави тесктот за богатството на семејството на премиерот Вен Џијабао.

Весникот нагласува дека нападите се совпаѓаат со неговите извештаи од минатиот октомври, во кои се наведуваше дека семејството на Вен акумулирало најмалку 2,7 милијарди долари „скриено богатство“. Пекинг на ова одговори дека весникот го клевети името на Вен и оти за тоа има „злобни мотиви“.

– Изминатите четири месеци кинеските хакери упорно го напаѓаа „Њујорк тајмс“, упаѓаа во компјутерскиот систем и земаа лозинги на новинари и други вработени, наведе весникот.

– Експертите за безбедност, кои ги ангажираше „Тајмс“ ги открија и ги блокираа нападите на компјутерите и собираа дигитални факти дека кинеските хакери користејќи методи, кои некои консултанти ги поврзаа со претходни упади на кинеската војска, продреле во мрежата на „Њујорк тајмс“, додава весникот.

new-york-times

Хакерите наводно упаднале во електронските пораки на шефот на канцеларијата на весникот во Шангај, Дејвид Барбоз, кој го напиша текстот за семесјтвото на Вен и на Џими Јардли шефот на канцеларијата на весникот во Индија, кој претходно беше шеф на канцеларијата во Пекинг.

– Компјутерските експерти за безбедност не наидоа на докази дека чувствителни имејл пораки, ниту фајлови за извештаите и содржините на текстовите за семејството на Вен биле откриени, преземени или копирани, изјави Џил Абрамс, главен уредник на весникот.

Експертите за безбедност пронашле докази дека хакерите украле корпоративни лозинки на вработените во весникот и ги користеле за да имаат пристап до личните компјутери на 53-ца вработени, од кои повеќето биле надворешни соработници.

Експертите за компјутери од фирмата „Мандиант“, која ја ангажираше весникот, велат дека хакерите се обиделе да го откријат изворот на нападот, со тоа што упаднале во компјутерите на универзитетите во САД и преку нив ги извршувале нападите.

Би можело да ве интересира

Хакери се одмаздиле за смртта на Навални

Горан Наумовски

Голем хакерски напад во Романија, над 100 здравствени установи останаа без интернет

Кинеските хакери имале пристап до одредена американска инфраструктура најмалку пет години

Кинески хакери нападнале стотици домашни рутери во САД и ги користеле за шпионирање

Хакери го нападнаа српското Електростопанство, украдените податоци ги објавуваат на интернет

А1он

Сајбер напад врз компјутерскиот систем на Меѓународниот кривичен суд во Хаг