Њујорк тајмс: Бродот што превезувал амониум нитрат потонал во Бејрут во 2018 година

Од:

Бродот „Rhosus“, од кој бил конфискуван амоним нитратот, опасна материја што најмногу се користи како ѓубриво и за правење експлозиви, потонал во пристаништето на Бејрут во 2018 година, соопшти синоќа Њујорк тајмс. 

Весникот се повикува на сателистки снимки и други податици за движењето на бродот. Како резултат на трагичната експлозија што се случи на 4 август во складиштата каде се чувал нитратот, загинаа повеќе од 150 луѓе а над 5.000 се повредени, а има уште десетици исчезнати. 

Како што јавија некои медиуми петходно, карго бродот испловил од Батуми, Грузија, бил натоварен со 2.75 илјади тони амонимум нитрат и пловел под молдавско знаме.  

Се дознава дека таа партија на нитрат била произведена во фабриката „Азот“ во грузискиот град Рустави. Во октомври 2013 година бродот Rhosus бил задржан од пристанишните власти на Бејрут поради груби нарушувања на правилата за експлоатација. 

Според Њујорк тајмс, бродот пристанал во Бејрут непланирано и дека веќе во 2015 година целиот товар од него бил веќе растоварен, додека пак во 2018 година карго бродот, во текот на неколку денови, потонал во северниот дел на пристаништето.  

Се вели дека потонатиот брод не пречел на навигацијата во пристаништето. Весникот дознава дека нитратот бил складиран на 450 метри од местото каде бродот потонал. 

Како што е веќе извесно, властите во Либан разгледуаат три верзии околу причината за експлозијата во бејрутското пристаниште: Небрежност, несреќен случај и предизвикано од надворешни сили како ракетен удар или ексползија на бомба. Поради случајот досега задржани се 20 лица. 

Би можело да ве интересира

(ВИДЕО) Заменик-лидерот на Хамас загина во експлозија во Бејрут

Горан Наумовски

Во Бејрут залутани куршуми испукани за време на новогодишната прослава погодија два авиони

ВИДЕО: Разгневен Либанец држи во банка заложници и бара исплата на 200.000 долари на неговата сметка

А1он

Папата Франциск на годишнината од експлозијата во Либан се помоли за семејствата на жртвите

А1он

Успехот на опозицијата го загрозува мнозинството на Хезболах во либанскиот Парламент

А1он

Пукотници и експлозии во Бејрут, двајца загинати и седуммина повредени