Њујорк го тресе епидемија, градоначалникот и гувернерот бараат итна помош од Вашингтон

Од:

Њујорк е најпогодена сојузна држава од коронавирусот што пред две недели започна да беснее во САД, со 500 луѓе кои починаа во последното деноноќие, додека на национално ниво во земјата досега починаа речиси 3.000 лица.

Со тоа, како што денеска рече гувернерот Ендру Куомо, бројката на смртност се изедначи со онаа по терористичките напади на 9 септември 2001 година.

Бласио, градоначалник на Њујорк, ја замоли федералната влада под итно да прати помош поради недостиг од болнички персонал и вентилатори во градот.

Тој побара 1.000 медицински сестри, 150 општи доктори и 300 специјалисти за градот да може да се справи со здравствената криза и вонредната ситуација потресен од епидемијата.

„Мислам дека во Вашингтон претпоставуваат дека подготовките се прават со недели. Повеќе не се работи за недели, туку за денови“, изјави Де Бласио денеска за телевизијата Ем-ес-ен-би-си.

Досега, во Њујорк се регистрирани 2.935 жртви од коронавирусот, додека вчера имаше 2.373, најголем скок на смртност од почетокот на кризата, изјави Куомо.

Во државата, инфекции се забележани кај речиси 103 илјади, додека на ниво на САД регистрирани случаи на коронавирус има кај речиси 259 илјади Американци.

Де Бласио ја искритикува Администрацијата во Вашингтон дека „не се мобилизира за акција“.

„Претседателот мора да ја даде таа наредба веднаш“, изјави тој, посочувајќи дека градот има итна потреба од 3,000 респиратори, апарати за механичка вентилација на бели дробови.

Во меѓувреме, бродот болница на американската морнарица кој се укотви неделава, сеуште не е оспособен да прима пациенти со други болести за да се растовари капацитетот на њујоршките болници кои забрзано примаат итни случаи со симптоми на Ковид-19, јави „Ен-пи-ар“.

Би можело да ве интересира

ВИДЕО: Крвав напад со нож во САД, четворица мртви

САД воведоа санкции за ентитети кои наводно им помагале на Хутите и Хезболах

САД бара од Украина да ги запре нападите врз руските рафинерии

(ВИДЕО) Пресметка меѓу мигрантите и Националната гарда на Тексас кај Ел Пасо

ВИДЕО: Американската милјардерка која со Тесла излета во езеро и се удави била пијана

Малолетник убил девојче со 114 убоди од нож, сега му се заканува доживотен затвор

Горан Наумовски