Њу Орлеанс прогласи вонредна состојба поради кибер напади

Од:

Властите во Њу Орлеанс, сојузна држава Луизијана, синоќа воведија вонредна состојба во градот откако општинските компјутерски системи беа компромитирани од кибер напади.

Преземените мерки вклучуваат наредба до сите општински службеници да ги исклучат компјутерите и своите елекронски уреди и да не ги користат вај-фај (Wi-Fi) мрежите.

Градоначалникот изјави дека и покрај тоа што Центарот за борба со криминалнот во реално време бил исклучен, уличните камери продoлжиле да работат. Полицијата и пожарните служби работеле во нормален режим.

Неодамна, американското Федерално биро за истраги (ФБИ) објави предупредување за кибер напади кои можат да предизвикаат голема штета, како реакција на се позачестените напади врз државни и општински установи. Предупредувањето е респространето на здравствените установи, индустриски капацитети, во сообраќајниот сектор.

Слични напади во Луизијана се случија годинава во јули и ноември, кога беа нападнати компјутерите на школите во сојузната држава. Во август, пак како резултат на кибер напади беа затворени неколку државни агенции во Тексас.

Би можело да ве интересира

(ВИДЕО) Едно лице загина откако цистерна со нафта експлодира на автопат во Алабама

САД одделно ќе гласа за помош на Украина и Израел, републиканците на Трамп се закануваат

Спектакуларно бегство на затворен од САД

САД: Очекуваме Иран да го нападне Израел

САД: Му кажавме на Иран дека не учествуваме во нападот на конзулатот во Дамаск

Невреме во југоисточниот дел на САД: Едно лице загина, повеќе од 100.000 без струја