Њу Џерси го легализира канабисот по повеќе неуспешни обиди

Од:

Гувернерот на Њу Џерси, Фил Марфи потпиша закон со кој се легализира канабисот за возрасни, се декриминализира поседувањето до 170 грама дрога и се менуваат реформите во кривичната правда што ќе го промени начинот на комуникација на полициските службеници со малолетни престапници.

На тој начин, Њу Џерси стана 15-та американска федерална држава што го легализира канабисот за рекреативна употреба, пренесува американскиот „Политико“.

Пред три месеци, 67 проценти од гласачите го поддржаа уставниот амандман според кој жителите на Њу Џерси над 21 година можат да продаваат и да користат канабис.

– Не постои никој кој ги поддржа овие напори, а кој не би признал дека овој процес траеше многу подолго отколку што се очекуваше, но секако е подобро да се прават работите како што треба, а не брзо, рече Марфи на прес-конференција.

Би можело да ве интересира

Блинкен: Се надеваме дека повеќе Американци ќе студираат во Кина

Студентски бунт во Америка, 100 академици уапсени во Колумбија

САД испраќа огромен пакет воена помош за Украина

Америка го ограничи движењето на својот дипломатски персонал во Израел

Стејт департментот потврди дека ќе стави вето на приемот на Палестина во ОН во Советот за безбедност

Горан Наумовски

Белата куќа се противи на палестинската државност