Низок одѕив на гласачите на парламентарните избори во Италија

Од:

Помалку од 20 отсто од италијанските граѓани со право на глас гласале во првите часови на денешните парламентарните избори, што се чини дека ќе стане ново историски најниско ниво на излезност на гласачите, јави ДПА.

Гласачките места беа отворени во 7 часот наутро по локално време. Според Министерството за внатрешни работи во Рим, до 12 часот излезноста била 19 отсто, што е помала од бројките од изборите во 2018 година, на кои беше забележан најмал одѕив некогаш забележан по Втората светска војна со околу 73 отсто вкупно.

Денешните избори може да завршат дури и со помала излезност, при што експертите предвидуваат излезност под 70 проценти.

Околу 51,5 милиони луѓе имаат право да гласаат на парламентарните избори, а гласачките места се затвораат во 23 часот.

Според анкетите, десничарскиот сојуз предводен од Џорџа Мелони и нејзината националистичка партија Браќа на Италија се очекува да победи, па дури и да добие апсолутно мнозинство, со што Мелони ќе стане првата жена премиерка на Италија.

Извор: МИА

Би можело да ве интересира

Дупка длабока 10 метра прголта автомобили во Рим

Италијанската полиција уапси 55 мафијаши

Навивачи на „Брајтон“ се повредени и ограбени во Рим

Силен земјотрес во Италија

Смог го покри Милано, воведени се ограничувања: „Излезете што помалку“

(ВИДЕО) Најмалку тројца загинаа во несреќен случај во Фиренца

Горан Наумовски