Нивото на радијација во Фукушима на рекордно високо ниво

Од:

Нивото на радијација во оштетениот реактор на нуклеарната централа Фукушима во Јапонија достигна рекордно високо ниво поради што би можеле да бидат изгасени роботичките системи, што е најнова закана за разладувањето на централата оштетена при цунамито во 2011 година.

– Нивото на радијација во реакторот број два сега е многу повисока од 2012 година соопшти Токиската компанија за електрична енергија (ТЕПКО).

Според најновите мерења, нивото на радијација изнесува 530 сиверти на час, додека пред пет години сензорите детектираа радијација од 73 сиверти на час.

ТЕПКО посочува дека радијацијата не е на високо ниво надвор од реакторот.

По силниот земјотрес на 11 март 2011 година цунами го погоди североисточниот брег на Јапонија при што загинаа или исчезнаа повеќе од 18.000 луѓе, а катастрофата предизвика топење на три реактори во Фукушима.

Би можело да ве интересира

ВИДЕО: Силен земјотрес од 6,1 степен ја погоди Јапонија

Катерина Ѓуровски

ВИДЕО: Седуммина мртви во превртениот танкер кај Јапонија

ВИДЕО: Кај Јапонија се преврте танкер

Катерина Ѓуровски

Јапонија влезе во рецесија, Германија стана трета најголема економска сила

Силен земјотрес ја погоди Јапонија

Два авиони се судрија на писта, нов инцидент во Јапонија