Ниватамронг Бунсонгпаисан нов в.д. премиер на Тајланд

Од:

Членови на времениот Kабинет на Тајланд го именуваа Ниватамронг Бунсонгпаисан за нов в.д. премиер на местото на досегашната времена премиерка Јинглук Шинаватра, која по денешната одлука на Уставниот суд е принудена да поднесе оставка.

Заедно со Шинаватра уште девет членови на нејзиниот Кабинет се принудени да поднесат оставки по одлуката на Уставниот суд, кои беа прогласени за виновни за злоупотреба на власта и кршење на Уставот.

Набрзо по судската одлука, преостанатите членови на Владата, соопштија дека заменик-премиерот Ниватамронг Бунсонгпаисан ќе стане времен премиер.

Премиерката, според пресудата на Уставниот суд, ги злоупотребила овластувањата, кога во 2011 го смени шефот на Советот за национална безбедност и го именуваше на друга функција.

Судот образложи дека таа смена е извршена незаконски и со, како што наведе, прикриена намера, со што е прекршен уставот.

Тајланд е со времена Влада, откако Шинаватра го распушти Долниот дом на Парламентот во декември при неуспешниот обид да ги смири антивладините протести. Предвремените изборите беа прекинати и потоа поништени, па за 20 јули е планирано ново гласање.

Би можело да ве интересира

ВИДЕО: Питон со часови давеше жена во Тајланд, полицијата шокираше од глетката

Предраг Петровиќ

ВИДЕО: Мајмуни „окупираа“ тајландски град, властите почнаа лов

Тројца Хрвати се повредени во сообраќајна несреќа во Тајланд

Горан Наумовски

Експлозија во фабрика за огномет во Тајланд: Најмалку 23 лица загинаа

ВИДЕО: Во експлозија на магацин со пиротехнички материјали на Тајланд има 12 мртви

Катерина Ѓуровски

Германски бизнисмен крвнички е убиен, бил мачен, а потоа и распарчен, неговото тело e пронајдено во замрзнувач