Ништо сомнително не е пронајдено во авионот на „Туркиш Ерлајнс“ кој што денеска принудно слета во Судан, објави „Хуриет Дејли Њуз“.
Поради дојава за поставена бомба во авионот, денеска леталото на „Туркиш Ерлајнс“ мораше принудно да слета на аеродромот во суданскиот главен град Картум.
Во авионот имало 107 патници, а летал од Најроби до Каиро. Во моментов леталото се наоѓа на изолирано место на аеродромот, а припадниците на безбедносните служби не пронашле ништо по пребарувањето на авионот и багажот на патниците.
Опасноста од бомба ја пријавил еден од патниците, кој добил мејл со закана.