Ништо не може да го раскине сојузот меѓу Британија и Америка, вели Борис Џонсон

Од:

Сојузот меѓу САД и Велика Британија треба да биде познат како „неуништлив однос“, оцени денеска британскиот премиер Борис Џонсон откако ја имаше првата официјална средба со американскиот претседател Џо Бајден.

Џонсон за Би-Би-Си изјави дека имал „одлични“ разговори со Бајден, кој пристигна во Корнвол на Самитот на Групата седум најразвиени економии во светот (Г7).

Тој изјави дека ги смета односите меѓу двете земји како „неуниптив однос“ или „длабока и значајна врска“.
„Тоа е врска што трае многу долго и е важен дел од мирот и просперитетот и во Европа и низ целиот свет“, рече Џонсон.

На средбата Бајден на Џонсон му подари велосипед, вреден 6.000 долари, изработен од Стивен Биленки, познат произведувач од Филаделфија, кој вели дека Стејт департментот го исконтактирал и побарал од него да го обои велосипедот во црвена, бела и сина боја.

– Ова е помодерна верзија на британскиот велосипед со рачно насликано британско знаме и соодветна кацига, додаде Биленки.

Велосипедот е направен од компанијата Биленки сајкл воркс, основана во 1983 година и специјализирана за производство на велосипеди од челик и титаниум.

Би можело да ве интересира

Студентски бунт во Америка, 100 академици уапсени во Колумбија

САД испраќа огромен пакет воена помош за Украина

Америка го ограничи движењето на својот дипломатски персонал во Израел

Стејт департментот потврди дека ќе стави вето на приемот на Палестина во ОН во Советот за безбедност

Горан Наумовски

Белата куќа се противи на палестинската државност

Џонсон: Путин ќе продолжи да маршира низ Европа, Балканот може да биде следен

Горан Наумовски