Никола Саркози во притвор поради корупција

Од:

Поранешниот француски претседател Никола Саркози беше притворен денеска, за да биде сослушан под обвиненија за корупција, соопштија судски извори.

Оваа мерка изречена на поранешен шеф на држава на Франција, аналитичарите ја сметаат за без преседан.

Антикорупцискиот оддел на судската полиција има 24 часа, за да го сослуша Саркози. Мерката може да биде продолжена само еднаш.

Саркози ќе биде изведен на распит во врска со т.н афера „Бетанкур“, за незаконско финансирање на предизборна кампања.

Максималната пресуда за „трговија со влијание“ во Франција е три години затвор и 375.000 евра казна.

Саркози пред осум часот по локално време пристигна во седиштето на судската полиција во Нантер, во близина на Париз.

Неговиот адвокат Тиери Ерзог е во притвор од вчера, како и двајца поранешни судии од Врховниот касационен суд – Жолбер Азибер и Патрик Сасуст.

За него и за уште еден висок судски функцинер постои сомневање дека доставувале на Никола Саркози доверливи информации поврзани со случајот Бетанкур, во кој се споменува името на поранешниот француски претседател како можен корисник на фиансии од најбогатата Французинка.

Би можело да ве интересира

Марин Ле Пен и 26 лица обвинети за финансиска измама која траела со години

Горан Наумовски

ВИДЕО: Голема поплава во Кан, водата носеше автомобили

Париз блокиран: Илјадници луѓе протестираат

Французите ја намалуваат цената на струјата за 10 отсто

Предраг Петровиќ

Протести низ Франција против именувањето на Мишел Барние за премиер

Макрон го назначи Барние за шеф на владата