Поранешниот француски претседател Никола Саркози, обвинет за за „активна корупција“, „трговија со влијание“ и „прикривање ипрекршување на професионалната тајна”, се обиде пред телевизксите камери да се прикаже како жртва на политичко-судски заговор, но 63 отсто од испитаните Французи сметаат дека судствто си ја врши својата работа, јавува дописникот на МИА од Париз.
Никола Саркози само што излезе од притворот, веднаш се најде на телевизиското плато во против-напад како кон Елисејската палата, така и кон судиите. Телевизиска интервенција следена од девет милиони телевиски гледачи на првиот канал на француската телевизија, која предизвика бура на реакции од страна на политичарите од сите бои.
Без изненадување, Саркози тврди дека е „невин“ и дека „судството е инструменатлизирано од страна на политиката“, дека тој „никогаш не направил дело спротивно на републиканските принципи или парвната држава“.
Никола Саркози не го „свари“ начинот на кој беше држан 15 часови во притвор од истражните судиим тврдејќи дека со тоа се имало „намера да биде понижен“.
Како одговор на ова од редовите на владеачките социјалисти дојде порака дека Саркози сака да создаде нова афера, за да ја сокрие постоечката афера.
Весникот „Паризиен“ објави испитување на јавното мислење според кое 63 проценти од испитаните Французи „не се убедени“ во одбраната на Саркози, тие сметаат дека судството кон поранешниот претседател се однесува „како кон кој било обичен француски граѓанин“, односно тие сметаат дека судството е „објективно“. Тие што го тврдат спротивното најчесто се симпатизери на десницата.
Изутринава претседателката на Основниот суд од Париз, Шантал Аренс со соопштение до печатото потсети на „незвисноста“ на судиите, откако Никола Саркози и пред се неговите блиски изразија силни критики за двете истражни судии кои го водат предметот против поранешниот претседател.
„Независноста на судиите е главен предуслов за демократијата“, потсети Аренс, што е необично, бидејќи претседателите на судовите ретко имаат јавни настапи во медиумите, но нејзиното излегување од традиционалната веоздржаност доаѓа по острите напади од кои судиите не можат да се бранат, поради тајноста на инструкцијата на предметот.