Никола Саркози обвинет за „активна корупција“

Од:

По осумнаесет чaсовен притвор и сослушување, поранешниот француски претседател Никола Саркози од истражните судии е обвинет за „активна корупција“, „трговија со влијание“ и „прикривање и прекршување на професионалната тајна”, јави дописникот на МИА од Париз.

Обвинението, според париски „Ле Монд“ е подигнато доцна синоќа, откако претходно беше обвинет и адвокатот на Саркози Тјери Херцог и високиот судски функцинер од Касациониот суд (Врховен суд) Жилбер Азибер, како и уште еден друг висок судски функционер Патрик Сасуст.

Против сите четворица обвиненето е исто „активна корупција“, „трговија со влијание“ и „прикривање ипрекршување на професионалната тајна”, сите тие ризикуваат по десет години затворска казна.

Никола Саркози преку својот адвокат, кој бил пријател со Жилбер Азибер се обидувал да дознае што има против него во процедурата што се водела за предметот Бетанкур. Во замена на судските функционери им биле ветени унапредувања.

Од прислушувањата на телефонските рагзовори меѓу Никола Саркози и неговиот адвокат како што пишува „Ле Монд“, јасно се покажува дека поранешниот француски претседател е лицето кое давало наредби. Против Никола Саркози се водат директно или индиректно уште неколку други предмети, меѓу кои и за финансирањето на неговата претседателска кампања во 2007 и во 2012 година.

Би можело да ве интересира

Марин Ле Пен и 26 лица обвинети за финансиска измама која траела со години

Горан Наумовски

ВИДЕО: Голема поплава во Кан, водата носеше автомобили

Париз блокиран: Илјадници луѓе протестираат

Французите ја намалуваат цената на струјата за 10 отсто

Предраг Петровиќ

Протести низ Франција против именувањето на Мишел Барние за премиер

Макрон го назначи Барние за шеф на владата