Нигериски екстремисти запалија возила, убиени 30 лица

Од:

Најмалку 30 лица загинаа во Борно, североисточна Нигерија, откако членови на екстремистичката група „Боко Харам“ запалија неколку камиони и други возила со патници, јавија светските агенции повикувајќи се на сведоци.

Засега никој не ја презеде одговорноста за нападот, но членовите на Боко Харам и ривалската Исламска држава Западна Африка (ИСВА) често вршат напади во областа.

Патниците во камионите во неделата вечерта останале кај воен пункт, поради полицискиот час воведен од војската во градот Ауно, а потоа биле нападнати, изјави Буно Али, сведок на нападот.

Според сведоците, напаѓачите пукале на сите страни и запалиле најмалку 18 возила, но и киднапирале неколку лица.

Би-Би-Си додава дека меѓу киднапираните има жени и деца.

Би можело да ве интересира

Во два напада на исламистите во Нигерија загинаа 40 цивили и 20 војници

Ана Ололовска

Најмалку 18 убиени во северна Нигерија

Ана Ололовска

Нигериските вооружени сили ослободиле над 70 заложници на Боко Харам

Ана Ололовска

Суд во Нигерија преку апликацијата Зум осуди човек на смртна казна

А1он

Во Нигарија при вооружен напад убиени најмалку 47 луѓе

А1он

Десетици загинати во вооружени напади на северозападот од Нигерија

А1он