Нигериската војска го уби командантот на „Боко Харам“

Од:

Нигериската војска вчера соопшти дека го убила командантот на радикалната исламистичка група „Боко Харам“, Мохамед Чад, во градот Мајдугури, на североистокот на државата.

dobivaj vesti na viber

Портпаролот на војската изјави дека Чад, по кого е издадена потерница е убиен при специјална операција која што ја спровеле безбедносните сили во Мајдугури.

Според објавените податоци тој бил вмешан во планирање и изведување на многу терористички напади, во и надвор од Борно.

Се претпоставува дека Чад е и наследникот на Баан Асалафи, главниот командант кој загина во вооружен судир со безбедностите сили на 13-ти март, во Сокото.

Припадниците на екстремистичката организација „Боко Харам“ сакаат да формираат исламска држвата на северот на Нигерија, се борат за воведување на шеријатскиот закон, а од основањето во 2001 година се одговорни за смрт на илјада лица.

Елена Георгиевска

Би можело да ве интересира

Уапсен генералниот сметководител на Нигерија, проневерил околу 200 милиони долари

Ана Ололовска

Гутереш апелира за „безбедно и достоинствено“ враќање на бегалците во Нигерија

Ана Ололовска

Повеќе од 100 луѓе загинаа во илегална нафтена рафинерија во Нигерија

Ана Ололовска

Во Нигерија убиени 154 луѓе

Ана Ололовска

Во Нигерија уништени 255 хектари полиња со канабис

А1он

ВИДЕО: Во близина на Нигерија експлодира брод за производство и складирање нафта

А1он

Leave a Comment

12 + one =