Нигерија воведува 14 години казна затвор за хомосексуални бракови

Од:

Нигерискиот парламент усвои синоќа закон со кој се забрануваат хомосексуални бракови и се ставаат вон законот сите организации кои поддржуваат геј права.

Со новиот закон усвоен едногласно во парламентот, предвидена е казна од 10 години затвор за јавно покажување врски на луѓе од ист пол.

Хомосексуалците кои сакаат да се венчаат според новиот закон, ризикуваат затворска казна од 14 години додека оние кои би им помогнале – 10 години затвор.

Сите кои се залагаат за права на хомосексуалците или на јавно место покажуваат своја хомосексуална определба исто така може да добијат до 10 години затворска казна.

Законот веднаш е проследен на одобрување од претседателот на државата Гудлак Џонатан. Нигерија има население од 163 милиони жители.

Би можело да ве интересира

(ВИДЕО) Грција, прва православна земја која дозволи истополови бракови – Лидерот на СИРЗА прослави во Геј бар

Анита Петровска Рајковиќ

Повеќе од 100 гости на свадбата се удавија во Нигерија кога нивниот брод се преврте

Најмалку 54 лица загинаа во експлозија на бомба во централна Нигерија

ВИДЕО: Свештеник жив запален во Нигерија

А1он

Вооружени напаѓачи киднапираа 30 лица од железничка станица во Нигерија

А1он

Најмалку 14 луѓе загинаа, автомобил влетал во публика на карневал во Нигерија

А1он