Нигерија: Поплавите однесоа 363 животи

Од:

Најголемите поплави кои ја погодија Нигерија во последните 50 години, однесоа 363 животи од јули до денеска, а раселени се 2.1 милион луѓе.

Нигерија често ја погодуваат поплави по обилните тропски дождови, но овогодишниот биланс на жртвите и снимките од градовите под вода го шокираа светот.

Претседателот на Нигерија Гудлак Џонатан рече дека минатиот месец поплавите на југот на земјата, биле на ниво на национална катастрофа, но сепак нема да има недостаток на храна, пренесува Ројтерс.

Националната агенција за вонредни ситуации наведува дека од први јули до 31-ви октомври од поплавите се погодени 7.7 милиони луѓе, 363 го загубиле животот, а 18.282 лица се повредени.

Би можело да ве интересира

Голема поплава во Русија, илјадници евакуирани

Поплави во долината Неретва

(ВИДЕО) Големи поплави и загинати во Бразил

(ВИДЕО) Поплави во Австралија, во поплавена улица плива крокодил

(ВИДЕО) Црна Гора: Поплавени улици, куќи и мостови, вода влегла и во итната медицинска помош

Горан Наумовски

Невреме во Словенија: Поплавени се патишта, куќи, училишта и градинки