Нигерија оваа година бележи најлоша епидемија на колера досега

Од:

Нигерија моментно бележи една од најлошите епидемии на колера во земјата во последните неколку години, со повеќе од 2.300 смртни случаи оваа година.

Повисоката стапка на смртност од годинешната епидемија на колера во Нигерија е предизвикана од приоритетот на државата која се бори против коронавирусот, од кој се вакцинирани помалку од еден отсто население.

Според нигерискиот Центар за контрола на болести, децата на возраст од 5 до 14 години се најранливата возрасна група и вкупната стапка на смртност е 3,3 проценти, што е двојно повеќе од смртноста од Ковид-19, која изнесува 1,3 проценти во Нигерија.

Епидемијата на колера најмногу ги погоди државите во северниот дел на Нигерија, каде поплавите и лошите санитарни услови го зголемуваат ризикот од пренесување на болеста.

Според владините податоци од 2020 година, во Нигерија само 14 проценти од населението од над 200 милиони жители имаат пристап до безбедна вода за пиење, а најмалку 30 отсто од популацијата во 14 држави вршат нужда надвор во природа.

Нигерија, исто така, се бори со појава на жолта треска, ласо треска, мали сипаници и други заразни болести.

– Мораме да останеме свесни дека овие повеќекратни епидемии можат да предизвикаат дополнителен притисок врз нашиот здравствен систем, изјави Чикве Ихеквеазу, генерален директор на Центарот за контрола на заразни болести во Нигерија.

Владини податоци од студијата поддржана од УНИЦЕФ откриваат дека само 21 отсто од населението во цела земја има пристап до безбедни санитарни услови.

Инженерот Мајкл Олударе истакна дека е „многу важно“ властите да обезбедат основна вода и канализација. Тој додаде дека сиромашните, жените и децата „се меѓу оние кои ќе имаат проблеми кога станува збор за колера“.

Би можело да ве интересира

ВИДЕО: Норвешки крузер со илјадници патници блокиран кај Маурициус поради страв од колера

Повеќе од 100 гости на свадбата се удавија во Нигерија кога нивниот брод се преврте

Најмалку 54 лица загинаа во експлозија на бомба во централна Нигерија

ВИДЕО: Свештеник жив запален во Нигерија

А1он

Најголема епидемија на колера во последните две децении во Малави, починати 750 лица

Вооружени напаѓачи киднапираа 30 лица од железничка станица во Нигерија

А1он