Независни руски медиуми: Русите ги пакуваат куферите и се подготвуваат да ја напуштат нуклеарната централа

Од:

Главниот штаб на вооружените сили на Украина неодамна соопшти дека дел од руските воени единици го напуштаат анектираниот дел на украинската област Запорожје. Тие, исто така, објавија дека Русите на некои места подготвуваат евакуација на членовите на локалните окупациски администрации назначени од нив.

Медуза, независен руски медиум, во разговор со извори блиски до Кремљ и руската влада дозна дека Русија сепак не планира целосно повлекување од регионот. Сепак, изворите шпекулираат дека Москва е подготвена да ја напушти нуклеарната централа Запорожје, која е под руска контрола уште од раните фази на инвазијата.

Рускиот претседател Владимир Путин на 5 октомври потпиша посебен декрет за префрлање на електраната на Русија и формирање на државна корпорација која ќе управува со неа. Иако во минатото негираше каква било можност за напуштање на Запорожје, Кремљ сега планира да ја пренесе контролата над нуклеарната централа на Киев или на Меѓународната агенција за атомска енергија (МААЕ), пишува Медуза.

МААЕ е подготвена да преговара со двете конфликтни страни и континуирано се залага за создавање безбедносна зона околу нуклеарната централа. Директорот на МААЕ, Рафаел Гроси, на 2 декември најави дека решение кое ќе гарантира безбедност во нуклеарната централа може да се постигне пред крајот на годината.

Би можело да ве интересира

Путин: Го почитуваме планот на Кина за Украина, ќе го разгледаме

Америка и испраќа на Украина нов пакет помош во оружје и опрема, вреден 350 милиони долари

Македонските „Сухои“ донирани на Украина, ама корист само за резервни делови

Горан Наумовски

Членките на ЕУ планираат да достават еден милион артилериски гранати во Украина

Путин го поздрави кинескиот план за Украина

Украина очекува Кина да го искористи своето влијание врз Русија за да стави крај на војната