„Независне новине“: Словенецот Јанез Ленарчиќ го наследува Хан?

Од:

За наследник на еврокомесарот за проширување и добрососедска политика Јоханес Хан, иако неофицијално, се почесто почна да се споменува името на словенечкиот дипломат Јанез Ленчариќ, пишуваат бањалучкиот весник „Независне новине“, повикувајќи се на повеќе неименувани извори.

Словенечката Влада неофицијално Ленарчиќ го номинирала за свој кандидат за еврокомесар, а ресорите во кои тие би сакале да го видат се комисаријатите за животна средина и за енергетика.

Добар познавач на бриселските прилики за „Независне“ вели дека е речиси извесно дека следниот комесар за проширување ќе дојде од соседството на Западен Балкан, со оглед на тоа дека последните двајца еврокомесари беа од Словачка и Австрија.

-Може да се очекува по извесното иманување на Шпанецот Жозеп Борел за висок претставник на ЕУ за надворешна политика и безбедност ресорот за проширување да го води лице кое ќе може да воспостави одредена противтежа на политиката која од ЕУ се водеше кон регионот на Западен Балкан. Од тој агол Словенецот ќе изгледа како паметен избор, вели неименуваниот извор за весникот и додава дека конечниот правец, сепак, ќе го одреди Урсула фон дер Лајен, која функцијата претседател на ЕК ја презема на први ноември.

Фон дер Лајен вчера се сретнала со Ленарчиќ за да разговара за можната позиција во ЕК, но не се очекува дета таа во овој момент би можела да ги открие картите, додава „Независне“.

Би можело да ве интересира

Ахмети: Александар Дугин, главата на руските политики има партија во Македонија

Нови промени за сообраќајните казни во ЕУ: Никој веќе нема да може да ги избегне

ЕУ постигна привремена спогодба за нови правила за трговија со огнено оружје

СДСМ: ЕУ е единствен патоказ за подобра македонска иднина

А1он

Европската Комисија ќе обезбеди општи рамковни услови за почеток на преговорите со Украина за пристапување во ЕУ

ЕУ за А1он: Измените на Законот за игри на среќа не упатуваат ниту на ограниченото европското законодавство

Александар Тодески