Незаконска е присилната стерилизација на жените со ХИВ во Намибија

Од:

Врховниот суд на Намибија денеска ја потврди пресудата според која здравствените работници во оваа земја неовластено стерилизирале жени со ХИВ без нивна согласност, сооопшти јужноафриканската организација за заштита на човековите права „Садерн Африка литигејшн сентер“.

Оваа организација истакна дека во пресудата на намибискиот Суд се наведува дека здравствените работници присилиле три ХИВ позитивни мајки да потпишат дозвола за стерилизација, иако тие во целост не разбрале што пишува во документот, пренесуваат американските медиуми.

Во соопштението на „Садерн Африка литигејшн сентер“ се наведува дека судот со тоа испратил порака до Владата на Намибија да ја прекине праксата на присилна стерилизација на жените заразени со ХИВ, за што уште од 2007 година постојат многубројни извештаи .

Според податоците на агенцијата на Обединетите нации-УНАИДС, во Намибија има околу 250.000 лица заразени со ХИВ, што сочинува повеќе од десет отсто од вкупниот број на населението

Би можело да ве интересира

Племенските водачи во Намибија ја одбија понудата на Германија од 1,1 милијарди евра надомест за колонијалните злосторства

Жарко Настоски

Адолф Хитлер победник на локалните избори во Намибија

Ана Ололовска

Намибија објави продажба на 170 заштитени диви слонови

Ана Ололовска

Намибија отстранета од списокот на ЕУ за даночни оази

Наум Локоски

Ламерт: Германија изврши геноцид во Намибија

Ана Ололовска

Пилотот на авионот кој се урна во Намибија, намерно ја предизвикал несреќата

Ана Ололовска

Leave a Comment

four + nineteen =