Невреме во Москва – урнат дел од ѕидот на Кремљ, затворени сите приоди кон Црвениот плоштад

Од:

Во силно невреме што денеска ја зафати Москва, пропратено со дожд и град, се урна дел од ѕидот на Кремљ.

Како што пренесуваат локалните медиуми, силниот ветер уриваше дрвја, расфрлаше канти за ѓубре по улиците и предизвика хаос во градот.

Градските власти ги предупредија жителите да останат во затворени простории, доколку е можно, да бидат многу внимателни на улица и да не паркираат автомобили под дрвја.

Од ураганскиот налет не издржаа ниту скелињата поставени на ѕидовите на Кремљ. Ветрот ги урна скелињата на Црвениот плоштад, при што се оштетени дел од ѕидовите.

– Во тек се работите на реставрација на делот од ѕидот од кулата Спаска, кои беа прекинати поради силниот ветер, изјави началникот на секторот на Федералната служба за безбедност, Денис Симонов, истакнувајќи дека притоа никој не е повреден.

Приодите кон Црвениот плоштад сега се затворени од сите соседни улици, пренесува ТАСС.

Властите соопштија дека плоштадот беше затворен поради уривањето.

Ова не е првпат ветер да го оштети московски Кремљ.

Во јуни 1998 година беа паднати околу 200 дрвја и оштетени неколку ѕидни огради, а во април 2018 година делумно беше отстранет покривот од палатата на Сенатот.

Реновирањето на ѕидот на Кремљ, кој се состои од 20 кули, а бил изграден од италијански архитекти на крајот на 15 век, трае веќе неколку години.

Би можело да ве интересира

Уапсен е уште еден осомничен кој учествувал во финансирањето на терористичкиот напад во Москва

Горан Наумовски

Се зголемува бројот на загинати во терористичкиот напад во Москва, едно од повредените лица почина

Горан Наумовски

Бројот на повредени во нападот во Москва се зголеми на 360

Горан Наумовски

На Малта ненадејно избувна невреме, загина нуркач, спасени 17 туристи

ФСБ: Зад нападот во Москва стојат САД, Велика Британија и Украина

Горан Наумовски

(ВИДЕО) За масакрот во Москва уапсен е татко и неговите двајца синови, им помагале на терористите