Невреме во Франција остави 250.000 домаќинства без струја

Од:

Околу 250.000 француски домови денеска останаа без електрична енергија, а сообраќајот на возовите од Нормандија до Париз е запрен по силниот ветер што погоди делови од северна Франција, Холандија и Белгија. Локалните медиуми јавија дека четири лица се повредени во холандскиот град Барендрехт, кој се наоѓа јужно од Ротердам, а силниот ветер рано утрото откорнал покриви и дрвја.

Невремето прво го погоди брегот на Атлантикот во близина на Велика Британија вчера попладне, а потоа во текот на ноќта се движеше кон исток. Француската метеоролошка служба издаде метеоролошки аларм во северозападниот дел на земјата, кој се граничи со Белгија и Луксембург. Ветрови до 175 километри на час го погодија норманскиот град Фекамп, соопшти метеоролошката служба…Железничкиот сообраќај е во прекин во регионите Нормандија и Шампањ-Арден, како и во некои делови од регионот на Париз.

Германската национална метеоролошка служба предупреди дека ветровите ќе бидат со брзина од 105 км/час на север и североисток во државата , а до 120 км/час во планинските области.

Би можело да ве интересира

Во Франција засилени безбедносни сили пред сите католички и протестантски цркви за време на Велигден

Франција ја подигна безбедноста на највисоко ниво

Во Франција се уапсени 13 лица осомничени дека се членови на нарко-банда од Марсеј

(ВИДЕО) Драма во Франција: Поплава однесе татко и две деца

Франција абортусот го прогласи за уставно право

ВИДЕО: Во Франција горат 900 тони литиумски батерии